АСОМ бара уредбата за онлајн обложување да се преточи во трајно законско решение

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија смета дека уредбата со која во земјава се овозможи онлајн спортско обложување преку домашните лиценцирани сајтови треба да се преточи во трајно законско решение.

Како што истакнуваат законското решение ќе има заемни придобивки и за државата и за индустријата, што всушност го потврди и носењето на самата уредба.

Тие потенцираат дека yредбата придонела спортските обложувалници да ги задржат сите вработени, но и да се овозможи прилив на средства во државниот буџет и кревката економија погодена од ковид-кризата.

Според проекциите на АСОМ од мај до крајот на годинава, од 4-те посто посебна давачка за онлајн ќе се слеаат околу 35 милиони денари, а од 15-те посто данокот на личен доход, околу 65 милиони денари, или 100 милиони денари за пет месеци само од оваа услуга.

Уредбата се покажа како одлично решение за одржливост на оваа индустрија, која вработува околу 4.500 луѓе и има силен придонес во државната економија, дотолку повеќе што спортското обложување беше едно од најпогодените гранки од кризата.