Шилегов за бугарска Телевизија Европа: Изјавата на Захариева за Тито е чиста глупост!

Во разговор за бугарската „Телевизија Европа“ градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов истакна дека изместувањето на тезите од страна на бугарската минстерка Захариева ее барање на алиби за глупоста.

Шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева вчера изјави дека не може Македонија 30 години да бара да биде дел од Европската унија, а истовремено да го слави еден од „најмрачните диктатори во историјата“ – Јосип Броз Тито.

Град Скопје во рамките на одбележувањето на „13 Ноември“, односно Денот на ослободувањето на Скопје од фашистичката окупација во Втората светска војна, организираше „Тура низ Скопје со маршалот Тито“, а Шилегов ја обвини Захариева дека Бугарија сега ги „изместува тезите“.

„Изместувањето на тезите е барање на алиби за глупоста. Секоја глупост бара алиби, а ставот на Захариева не е ништо друго освен глупост. Град Скопје во рамките на одбележувањето на „13 Ноември“, ден кој е значаен во нашата историја, организираше изложба од поставката на Јосип Броз Тито“, порача Шилегов.