Грета Тунберг – прогласена за личност на годината

„Грета Тунберг – моќта на младоста“ пишува на насловната страница на магазинот Тајм, каде тинејџерката-активистка Грета Тунберг (16) е прогласена за личност на годината. Таа се залага за заштита на животната средина и ги повикува светските лидери да се борат против климатските промени.

Турнберг беше на чело на протестите против климатските промени во кои учествуваа активисти во повеќе од 150 земји, меѓу нив и во Македонија.