Во исчекувања на првиот рок за исполнување од нашите над 100 барања – 31.12.2019, #ЗеленФронт на здружени над 35 граѓански движења, иницијативи, организира втор протестен марш, во петок, 20-ти декември. Времето и маршутата остануваат исти од претходниот марш.
17:00 пред Министерството за животна средина, крајна цел: пред Влада. Остануваме на улиците за да ги потсетиме на нашите барања, затоа што ова е прашање на живот или смрт, кое не смее да чека повеќе ниту момент!

Марш за нашите животи! СТОП за 3500 жртви од загадениот воздух!

https://www.facebook.com/events/3277556435647739/