Зголемен бројот на издадени одобренија за градење – повеќе од половина се за високоградби

Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2020 се издадени 248 одобренија за градење, што е за 15.9 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.285.005 илјади денари, што е за 65.2 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 139 (56.1%) се наменети за објекти од високоградба, 33 (13.3%) за објекти од нискоградба и 76 (30.6%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 248 објекти, на 161 (64.9 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 87 (35.1 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 557 станови, со вкупна корисна површина од 45.427 м2.

Извор: Државен завод за статистика