Доколку пратениците на ВМРО-ДПМНЕ поднесат предлог за измени на Законот за употреба на јазиците, јас истиот предлог ќе го ставам на дневен ред, но мора да имаат предвид дека тој закон е донесен со Бадентерово мнозинство, така што и предложените измени треба да се изгласаат со тоа мнозинство, изјави денеска спикерот Талат Џафери.
Предлагачот кога поднесува предлог треба да биде свесен дали обезбедил такво мнозинство, а во овој момент такво мнозинство од немнозинските пратеници од албанските партии нема и нема да им пројде, а кај нас нема такво расположение да гласаме – изјави Џафери
Според претседателот на законодавниот дом, препораките на Венецијанската комисија не се обврзувачки. „Укажувањата од Комисијата во делот на институциите, дека тие не се подготвени за имплементација на Законот, е проблем на институциите. Секоја институција мора да обезбеди соодветна инфраструктура за спроведување на законите кои ги носи Законодавниот дом“ – дециден е Џафери.