Германскиот железнички концерн Дојче Бан се соочува со голем недостиг на човеки ресурси, па одлучи да побара персонал во неколку европски земји меѓу нив е и нашата земја.
На германскиот државен железнички сервис Дојче Бан му се потребни илјадници нови работници, па компанијата одлучи да ги пополни празните места со потрага низ повеќе европски земји.
Дојче Бан бара:
– машиновозачи,
– возачи на автобуси и
-електричари во четири европски држави
Годинава веќе беа објавени огласи во Шпанија и Романија од каде беа вработени по 30 работници од бараните профили.
Сега „ловот„ по работна сила ќе се шири и на Италија, Грција, Србија и Северна Македонија.
Работниците кои ќе ги исполнат критериумите ќе добијат дополнителна обука во Германија, платено учење на германскиот јазик и квалификација за одредена струка, најави раководстото на железничкиот сервис
Во текот на годинава, се отвориле 24 илјади нови работни места, а за следната година ќе му бидат потребни уште 8.000 работници од различни струки.
Најбарани се возачите на локомотиви. Во потрага по работна сила во странство се и австриската и швајцарската железница, со тоа што Швајцарија регрутира работна сила во Германија, додека Австријците огласуваат во југоисточна Европа.