Придобивките на инхалацијата во домашни услови

Во подлабок сад наполнете жешка вода и во неа додадете неколку капки етерично масло од еукалиптус или нане. Можете да ставите и кесички чај од камилица или мајчина душица. Главата прекријте ја со крпа за да ја задржите пареата. Држете ги очите затворени и дишете на нос 1-2 минути, потоа тргнете ја крпата да влезе воздух и дишете на уста неколку пати, па повторно покриете ја главата со крпа.

Инхалацијата е стар рецепт во борбата против настинките, бидејќи предизвикува потење, го олеснува кашлањето, ги исфрла секретите од носот и ја навлажнува иритираната слузница од носот и грлото.

Еве некои есенцијални масла кои можат да се употребуваат за различни намени:

За проблеми со дишењето – еукалиптус, бор
Бронхитис – босилек, каранфилче, еукалиптус, сандаловина, бор, темјан, рузмарин, чајно дрво
Против настинки – црн пипер, ѓумбир, каранфилче, портокал, рузмарин, чајно дрво
Против кашлица – нане, црн пипер, кардамон, темјан, рузмарин
За синуси – босилек, рузмарин, чајно дрво, еукалиптус, лаванда, нане, мајоран.

Инхалаторот го испраќа лекот таму каде што е најпотребен – најчесто белите дробови. За разлика од системските лекови на кои им е потребно време за да преминат од гастроинтестиналниот тракт во крвотокот, инхалаторот го испорачува лекот директно во респираторниот тракт.

Со употребата на инхалатор во домашни услови се избегнуваат посети во болница, допoлнителни инфекции и поддршка за побрзо оздравување.

Инхалација се препорачува кај:

– настинки и грип кои предизвикале создавање густ секрет во дишните патишта,
– опструктивен бронхитис,
– ларингитис (воспаление на гркланот),
– пневмонија (воспаление на белите дробови),
– астма,
– хронична опструктивна белодробна болест ХОББ.