СЗО предупредува: Трупањето вакцини во некои земји само ќе ја продолжи пандемијата

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Адханом Гебрејесус истакна дека трупањето на вакцината во некои земји само ќе ја продолжи пандемијата.

Тој предупреди дека вирусот ќе продолжи да се шири, а економското оздравување глобално ќе успори ако луѓето во  сиромашните земји не можат да бидат вакцинирани.

„Некои земји однапред купуваат повеќе вакцини, во количества двојно поголеми од бројот на жители, со што ја доведуваат во опасност достапноста на вакцината во други земји“, додаде тој.

Додаде дека на иницијативата на СЗО АКТ-А преку која треба да се обезбеди пристап до тестови, лекување и вакцинирање против ковид-19, и недостигаат околу 28,5 милијарди долари, од кои се итно потребни 4,5 милијарди.