Петте резолуции кои добија виза од Централното претседателство на ДУИ во седиштето во Мала Речица се: консензуална интеграција, ветинг, квалитет на живот, работа и развој и млади.
За резолуциите ќе се отвори дебата со академската заедница по што тие ќе треба да поминат на Конгресот на ДУИ кој ќе се одржи на 21 декември, за потоа да бидат преточени во програмски определби на партијата и во изборна програма со која интегративците ќе настапат на предвремените избори во април догодина.
Од партијата брифираат дека првиот столб од идните приоритети на ДУИ – консензуалната интеграција подразбира ниту една од есенцијалните одлуки во државата да не може да помине без консензус, односно со надгласување. Консензуалната интеграција ќе се однесува на интеграција на општеството, на регионот и на ЕУ и на НАТО.
Целиот текст прочитајте го тука.