Владата ќе ги награди репрезентативците со по 10.000 евра

Синоќа Владата донесе одлука да ги награди репрезентативците за историскиот пласман на Европското првенство 2021 година.

На синоќешната седница Владата донесе заклучок од буџетските резерви да им биде доделена парична награда од по 10.000 евра во денарска противредност на сите членови на фудбалска репрезентација на Македонија за историскиот успех за пласман на Европското првенство.