Утрово, во Струмица, станиците за квалитет на воздухот покажуваат дека нивото на ПМ10 честици се трипати над дозволеното.

Во останатите градови, пак, кои често се наоѓаат на врвот на листата на најзагадени градови во Македонија, како што се Скопје, Тетово, Куманово, денес мерните станици покажуваат дека ПМ10 честичките се во границите на нормалното.