Колумбискиот претседател воведе полициски час во Богота

Претседателот на Колумбија, Иван Дуке Маркез нареди да се воведе полициски час во Богота поради масовните протести во главниотград.

Тој на Твитер објави барање до градоначалникот на Богота да го започне полицискиот час во петок вечер (22 ноември) со почеток во 21 часот по локално време.

Полицискиот час беше воведен ден по најголемиот протестен марш во Колумбија, со околу 250.000 луѓе на улиците.По мирниот протест, вчера се случија судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Аналитичарите се скептични дека протестот може да доведе до подолги немири како во Боливија, Чиле и Еквадор и наведуваат дека во поделената земја којашто ја има една од подобрите економии во регионот, нема доволно фактори кои би ги обединиле незадоволните.