Кина наметнува нови регулативи со кои ја ограничува моќта на најголемите технолошки компании во земјата. Овој потег ја покажува загриженоста на Пекинг за растечкото влијание на дигиталните платформи.
Правилата ќе влијаат на локалните гиганти како што се „Аlibaba“, „Ant Group“, „Tencent“ и многу други. Регулативите доаѓаат во време кога Вашингтон и Брисел одат во иста насока, потсетува Би-Би-Си.
По оваа вест акциите на технолошките гиганти забележаа голем пат. „Аlibaba“ и „Tencent“ изгубија скоро 260 милијарди долари од вредноста. Индексот „Hang Seng Tech“ падна за 5,6% во средата во Хонг Конг, а загубата од 2 дена достигна 10%, „Xiaomi“ загуби 5%.
Ударот доаѓа на денот на осамените срца, празник што го измисли Џек Ма, основачот на Алибаба, пред една деценија. За 10 години, тој стана еквивалентен на Црниот петок во продажбата.
Оваа година е-маркетот повторно забележа рекордна продажба, но поради регулативата, акциите паднаа за 8%. Досега продажбата достигна над 372,3 милијарди јуани (56,42 милијарди долари), а празникот е продолжен до крајот на денот. Исто така „JD.com“ забележа продажба од 200 милијарди јуани.
Кои се новите правила?
Досега Пекинг молчеше за монополските практики во интернет-индустријата.
Нацртот на 22 страници, подготвен од Државната администрација за регулација на пазарот, е прв обид на Кина да дефинира анти-конкурентно однесување во технолошкиот сектор. Според новите правила, компаниите нема да можат да споделуваат чувствителни лични информации со потрошувачите; тие нема да можат да сојузат за да ги уништат помалите конкуренти; ниту ќе можат да продаваат со загуба за истата намена.
Новите правила забрануваат гигантите да ги принудуваат бизнисите да потпишуваат ексклузивни договори – нешто за што „Аlibaba“ постојано се обвинуваше.
Според регулативата, компаниите повеќе нема да можат да се однесуваат поинаку кон потрошувачите во зависност од нивните навики на трошење.
Колку се доминантни овие компании во технолошкиот простор?
„Аlibaba“ и „JD.com“ доминираат во е-трговијата во Интернет царството и заедно учествуваат со три четвртини од неа. Од септември, „Аlibaba“ имаше 881 милиони корисници на мобилна телефонија – повеќе од половина од популацијата на Кина.
Глобален тренд?
Доколку кинеските власти имаат загриженост за експлозивниот раст на некои интернет компании, тие не се единствени. Европската унија вчера го обвини Амазон за злоупотреба на монополската позиција во Германија и Франција. И во САД, властите се насочија кон Google.
