Десетици илјади протестираа во Париз против насилството врз жените

Околу 50.000 демонстранти излегоа на улиците во Париз за да го осудат насилството врз жените, откако беа обелоденоти статистиките дека бројот на убиства врз жени во Франција е зголемен годинава.

Демонстрантите носеа испишани имиња на жени кои биле убиени од нивниот сегашен или поранешен партнер, пренесуваат западните медиуми.

Француското Министерство за правда минатата недела соопшти дека кај 65 проценти од убиствата што се случиле лани станува збор за семејно насилство.

Советот на Европа во извештајот објавен во вторникот соопшти дека Франција има недостатоци во својот систем, вклучително и недостатоци во судските процеси.

Најмалку 137 жени во Франција починале од рацете на својот партнер во 2019 година.

Минатата година бројот изнесувал 121, според официјалните претставници на Париз.