Нето добивката на НЛБ Банка на крај на септември изнесува над 20 милиони евра што е за 13 отсто помалку од лани. Во корона услови банката го одржала нивото на нето приходи од провизии и надоместоци, ги зголемила нето приходите од курсни разлики и останатите приходи од дејноста, а најголемата приходна ставка е пониска за само 1,3 отсто што е помалку од пола милион евра во однос на лани.
Во периодот од 01.01.2020 до 30.09.2020 година, НЛБ Банка АД Скопје работеше согласно усвоената Деловна политика на Банката за 2020-та година, притоа од Март 2020 прилагодувајќи го тековното работење на ново настанатата ситуација со пандемијата КОВИД-19, се со цел да се зачува високата ликвидност и солвентност, паралелно со непрекинато давање на услуги и финансиска поддршка на клиентите.
И покрај променетите деловни услови, Банката во 2020 година продолжи со активности за зголемување на понудата за клиентите со нови продукти и платни сервиси. Од август на клиентите во понуда е МКлик мобилен кредит, целосно дигитализиран кредит преку мобилната апликација на Банката, како и потрошувачки кредити за енергетска ефикасност за физички лица и кредити за регионална конкурентност за мали и средни претпијатија од кредитната линија на ЕБРД. Во месец август Банката ја прошири деловната мрежа со нова Експозитура – Тафталиџе во Скопје.
