Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски во „Топ тема“ истакна дека пријателите од Еворпската Унија со своите забелешки практично кажаа дека законот за двојазичност е неприменлив.
Тој додаде дека не може закон кој што се носи со просто мнозинство да наметнува норми, односно да усогласува системски закони кои што се носат со двотретинско мнозинство.
Милошоски истака дека владеачката коалција го искористи европското знаменце со цел да ја ограничи дебатата за законот и воедно да се органзиираат јавни расправи со цел стручните лица и граѓаните да го кажат своето мислење.