Денес во Осло, на премиерот на Етиопија, Абиџ Ахмед (43) му беше врачена Нобелова награда за мир. Тој е награден за помирувањето и договорот постигнат со Еритреја со кој се стави крај на 20-годишниот конфликт меѓу двете држави.
Етиопскиот премиер Абиџ Ахмед Али ја добива наградата за мир за својот ангажман за мир и меѓународна соработка, а пред сѐ за својата иницијатива за решение на граничниот конфликт со соседна Еритреја, соопшти Нобеловиот комитет во Осло.
„Нема ние и тие, туку само ние затоа што сите сме поврзани со заедничката судбина на љубовта, простувањето и помирувањето“, рече премиерот на Етиопија.
Нобеловата награда се состои од златен медал, диплома и чек на девет милиони круни (околу милион евра). Паричниот износ на наградата се дели ако има повеќе лауреати во една дисциплина.