Гатузо: Можеби играчите мислеа дека сме на екскурзија

Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо беше доста лут на своите играчи, и покрај победата над Риека во Хрватска со 2-1. Италијанците тешко ги однесоа трите бода и мораа да направат пресврт. Затоа менаџерот не ги штедеше своите критики.

“Не постои такво нешто како лесен натпревар. Запомнете дека Реал Сосиедад ја победи Ријека со гол во 93. минута. Знаевме дека ќе се бранат и ќе чекаат можност за контранапад. Сепак, тие нè изненадија неколку пати во првите 30-35 минути. Можеби играчите помислија дека сме на екскурзија. Бев лут на полувремето. Презедовме премногу ризици. По паузата бевме подобри, но не можам да прифатам таков став. Не можеме да си го дозволиме тоа. Имавме сличен проблем. Минатата сезона, всушност во последниве години, Наполи постојано бележеше подеми и падови и тоа треба да се промени. да бидеме внимателни во секое време, можеби ќе треба шлаканица за да се разбудиме. Овој пат работите поминаа добро, но кога среќата не е со нас, станува тешко да се свртат работите. Сакам да ја видам нашата игра од второто полувреме на сите 90 минути “, отсечен е Гатузо.