Интегрален текст од изјава за медиуми – Драган Данев, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија
Почитувани,
Власта ја загрозува европската иднина на Македонија. Венецијанската комисија јасно потенцираше дека Законот за употреба на јазиците е спротивен на Уставот и надвор од европските практики.
Почитувањето на препораките на Венецијанската комисија е обврска за Република Македонија. Нон пејперот на Франција според кој ќе се изготви новата методологија за почеток на преговори со Унијата бара и почитување и имплементацијата на кажаното од Венецијанска комисија.
Забелешките на Венецијанска комисија се во согласнот со забелешките на ВМРО-ДПМНЕ кои ние како партија ги поднесовме уште пред година ипол, кога владината коалиција насилно го туркаше злоупотребувајќи европско знаменце.
СДСМ не смее да си поигрува со европската иднина на државата. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандмани со цел измена и дополнување на Законот за употреба на јазиците и негово усогласување со препораките на Венецијанската комисија.
ВМРО -ДПМНЕ се грижи за иднината на државата и нема да дозволиме никој да ја загрози.
СДСМ да се охрабри и да ги поддржи амандманите на ВМРО-ДПМНЕ.
Исто така власта треба да се охрабри и да ги прифати и предлозите на претседателот Христијан Мицкоски за гласање на закон за забрана за амнестија на политичари, како и забрана за занимавање со политика на лица кои биле амнестирани.
Заев се плаши и да прифати закон за утврдување на потекло на имот на политичарите, кои преку ноќ се стекнале со огромни богатсва.
Доколку Зоран Заев има барем малку чест и храброст тој ќе го прифати и предлогот на претседателот Христијан Мицкоски за измени во Законот за избори и воведување на кандидат мандатар, со што претендетот за премиер нема да може после избори да се крие зад пратеничкиот имунитет и ќе си замине од политиката.
СДСМ бега и се крие. СДСМ ја загрозува европската иднина на државата, се бори за амнестија на политичари, и се плаши од закон за потекло на имот. Заев са да се крие зад пратеничкиот мандат откако ќе изгуби. Заев е демаскиран.