Дневен хороскоп за вторник 23 февруари 2021

ОВЕН

Проблем кој одамна тлее, повторно ќе се активира и ќе си го најде патот до површината. Обидете се да се ослободите, барајќи го решението од друга перспектива. На професионално поле држете се до неопходното. Во љубовта се чувствувате како да сте на седмо небо.

БИК

Се борите за своите идеи. Колегите смтаат дека е невозможно нешто да ви докажат. Ви следи неочекувано познанство. Имате впечаток дека е во прашање љубов на прв поглед. Пробајте да го ограничите внесот на храна.

БЛИЗНАЦИ

Имате поважни работи отколку расправање на неважни теми и препукување во коментари. Гледајте си го вашиот живот, направете баланс помеѓу работниот и приватниот живот. На љубовно поле разумот ќе ве спречи да направите грешка.

РАК

Верувате дека можете да излезете на крај со еден Лав кој во голема мера ви ги расипува плановите и не е подготвен да биде искрен со вас. Не би требало премногу да очекувате од некој кој најпрвин не е искрен. Бидете реални во своите очекувања.

ЛАВ

Се ви изгледа премногу емотивно и не знаете од каде да започнете. Надминете ги своите стравови и не ја сфаќајте погрешно околината. Покажете ја вашата позитивна страна која е навистина моќна и не се плашете дека некој сака да ви наштети. Потребен ви е договор кој ќе го направите самите со себе.

ДЕВИЦА

Односот со соработниците е полн со предизвици. Вие како свесно да сакате да ги држите на дистанца. Одличен ден за ново познанство. Ве привлекува самоверениот став на другата страна. Не е најдобро. Напнати сте.

ВАГА

Задоволни сте како се одвива работата, но и стабилните финансии. Односот со партнерот е нехармоничен и пробувате да најдете компромисно решение, но тоа партнерот не го интересира. Се чувствувате добро.

ШКОРПИЈА

Го запоставувате целосно вашето тело. Грижете се повеќе за здравјето и изгледот. На професионално поле избегнувајте потпишување договори или отворајте 4 очи. Во љубовта време е да се ослободите од срамежливоста.

СТРЕЛЕЦ

Со колегите не успевате да постигнете договор што доаѓа до стагнација. Одличен ден за ново познанство. Не сакате да покажете во која мера друга личност ве интересирала. Се чувствувате добро.

 

ЈАРЕЦ

Саканата личност се обидува да ја смири заедничката напнатост или да ве расположи со нови и интересни идеи. На деловно поле, исклучителноста во мислењето создава нова заблуда. Негативните резултати произлегуваат од погрешни деловни проценки.

ВОДОЛИЈА

Некој ве носи до ново емотивно искушение. Смислувате одговор или начин на кој треба да се постапите кон блиска личност. Сè се сведува на принципот на земање или давање, а она што го добивате има висока цена и бара многу напор.

РИБИ

Сонувате околу јавен успех и прилив на финансии. Целата енергија ја насочувате кон работната сфера. Партнерот е заштитнички настроен и љубоморен што ви годи. Внимавајте на внесот на храната, особено на слатките.