Од компанијата порачуваат дека ја задржале истата цена како и во изминатиот период.
АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) е избрана за најдобар понудувач на електрична енергија од страна на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум.
Компанијата по истата цена како и досега ќе му нуди електрична енергија на универзалниот снабдувач кој е задолжен за надмирување на потребите на домаќинствата и останатите корисници кои останаа на регулираниот пазар на струја.
– По одржаната аукција избрана е понудата на АД ЕСМ за 1.408.525 мега-ват часови електрична енергија по цена од 34,5 евра за мега-ват час за периодот од 01.01.2020 до 30.06.2020 и 60 мега-вати базна моќност по цена од 34,5 евра за мегават час за периодот од 01.01.2020 до 30.06.2020, соопшти АД ЕСМ.
Од компанијата порачуваат дека ја задржале истата цена како и во изминатиот период.