Обвинетиот Бојан Јовановски во судница се соочи со Ана Камчева, сведок во случајот „Рекет“.

Боки 13 побара точно да одговори колку и каде средба имала со директорот на УБК, Горан Николовски.

Камчева на тоа одговори дека имале две средби, на нејзино барање, но инсистирала да се сретнат надвор од УБК, бидејќи таму работел Јовче Ременски, кој му бил пријател на Боки 13 и со кој секој ден се слушале, а од кој се плашела.

На инсистирање на Боки 13 каков совет добила Камчева од Николовски, таа рече дека ќе ја информирал но да има доверба во обвинителката Вилма Рускоска.