Човекот е создаден да создава, да урива и повторно да гради.
Од мигот кога постои светот и векот, постои и желбата за откривање на самиот себе, пронаоѓање решенија за предизвиците и навиките кои се исткајале врз нашиот карактер.

Оние кои секојдневно работат на себе читаат литература за самопомош, гледаат видеа од мотивациски говорници, а некои и посетуваат психолог или изнајмуваат тренер за личен развој.

Во мигот кога ќе погледнат во хоризонтите на позитивата, во мигот кога ќе го почувствуваат мирисот на успехот, тогаш бараат повеќе и повеќе од себе.

Оние похрабрите пронаоѓаат нови начини за успех, нова мисија која тие ќе ја сеат како плодно семе, каде и да одат.

Суштината на плодниот ум и плодната работа е во исцртаната шема по која чекорат, обележаниот калап во кој го сместуваат умот и навиките.

Оние похрабрите подоцна создаваат нов облик на калап кој подоцна му го претставуваат на светот. Тоа се всушност прототипови на поранешните модели, но со пософистициран начин и редослед.

Да, баш тие детали, мали финеси ги прават автентични од другите, го отвараат умот да пронаоѓа нови и нови изуми од подрумот на универзумот.

Секој успех започнува со идеа, а секоја идеа доаѓа кога е посакувана. Како жена извајана од мислите.

Автор: Даниела Ангелова

Пулсот на мастилото

 https://pulsotnamastiloto.wordpress.com/