Вулкан еруптираше на мал остров во Нов Зеланд, при што загинаа најмалку шест туристи, а оставајќи повредени и исчезнати во понеделникот. По ерупцијата се создала голем облак од пепел при што дополнително се влошила состојбата.

Полицијата потврди дека имало 47 луѓе на вулканскиот остров во моментот на ерупцијата. Хеликоптерските екипи биле во можност да слетаат на Белиот остров и покрај опасноста и помогнале да се евакуираат преживеаните, од кои некои се сериозно повредени..

Полицијата во Нов Зеланд соопшти дека денеска покренува криминалистичка истрага за смртта на туристите на вулканскиот Бел остров.

После вчерашната ерупција на вулканот потврдена е смртта на пет лица, додека осумте луѓе кои се водеа за исчезнати, се прогласени за мртви.

Нестабилните услови и понатаму ги спречуваат спасувачките екипи во потрагата по исчезнатите, а експертите утврдуваат дали е безбедно да се вратат на островот за да трагаат по нив.

Авионите летале над островот повеќе пати и во ниту еден момент не забележале знаци на живот. изјавила премиерката Џасинда Ардерн.

Фактот дека островот е ненаселен – нема услуги за итни случаи на островот кој е многу оддалечен – е прва голема загриженост“, рече Кас во вторникот вечер.

Расел Кларк, болничар на одделението за интензивна нега, рекол дека ерупцијата изгледала како нуклеарна катастрофа во Чернобил, само што се било покриено со пепел.

Покрај деветте Американци, соопштено е дека другите туристи кои биле на островот биле дваесет и четворица Австралијци, пет Новозеланѓани, четворица Германци, двајца Кинези, двајца Британци и Малезијци.

Премиерот на Австралија Скот Морисон рекол дека 11 Австралијанци исчезнале, а 13 се хоспитализирани.

.Ардерн рекла дека Белиот остров е многу непредвидлив вулкан, и дека ќе се разгледа прашањето дали туристите треба да го посетуваат, меѓутоа дека сега фокусот е на луѓето кои биле погодени од неговата ерупција.