Ана Камчева на судењето за „Рекет“, изјави дека 50 илјади евра за рекет за подобра положба на нејзиниот сопруг, ги извадиле од фирмите што ги имаат, а ги донела лично во несесер нејзината свекрва, Ратка Камчева.

Заедно со Зоран Милевски пристигнале во станот на Бојан Јовановски во населбата Орман, каде присутна била Катица Јанева и низ разговор за своите деца Јанева и рекла дека ако не бил Бојан Јовановски, нејзиниот син ќе работел на брод, односно дека тие дале 500 илјади евра, изјави Камчева во сведочењето.

Катица Јанева и напомнала на Камчева дека ако овој разговор излезе од домот на Бојан Јовановски, ќе знае дека е од неа.  Се заканувала со нејзината моќ велејќи дека може многу предмети да му отвори на Камчев.

Според изјавата на Камчева, Катица Јанева не е таа што ја имала моќта, туку специјален јавен обвинител е Бојан Јовановски, бидејќи тој знаел се. Кој ќе биде притворен следен, и се што кажувал, така се случувало.