Филипче: Од утре ќе се воведуваат нови мерки, за полициски час засега нема потреба

Министерот за здравство во вечерашното гостување на ТВ Канал 5 во емисијата “Само вистина” изјави дека утре комисијата за заразни болести ќе предложи нови мерки за борба против коронавирусот.

Филипче истакна дека ќе предложат угостителските објекти да се затвараат во 21 часот, сите кај што постои можност да се ослободат и да работат од дома, ќе се забрани групирање на луѓето после 21 часот.

Филипче истакна дека за хронично бочните е овозможено целосно електронско продолжување на боледувањето, како и електронски рецепти.

На прашањето зошто хронично болните не се ослободуваат од работа, Филипче рече дека таа мерка била злоупотребувана. Како пример наведе човек кој преживеал инфаркт пред 10 години, кој сега ја злоупотребувал мерката.

За останатите хронично болни кажа дека повторно се ослободуваат од работа, но со боледување.

Според проценките и воведените мерки, како што рече Филипче, нема потреба од воведување полициски час.

Доколку се почитуваат мерките, според него, за еден месец се очекува ставање под контрола на ситуацијата.