Продолжен викенд полн со сообраќајни прекршоци во Скопје

Според билтенот на настани од МВР:

Во текот на 06, 07, 08 и 09.12.2019 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности при што од сообраќај се исклучени 23 возачи, од кои: пет возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол и 18 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај се и 21 возило, бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се седум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло и шест возачи поради недавање првенство на минување на пешаци. Во однос на пешаците санкционирани се 21 пешак, поради поминување коловоз вон пешачки премин и 11 пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатите денови 121 возило е подигнато со специјално возило „пајак”.