Адвокатот Васил Димишков и рекол на Камчева дека за неговата помош за поблага мерка за Камчев требало да се плати меѓу 2 и 8 милиони евра. Со тие пари тој и рекол неговата сестра-судијка ќе одела во пензија.
Камчева била повикана од Милески кој и рекол да отиде во хотелот “Александар Палас”. И кажал дека Бојан Јовановски бил многу нервозен за некој текст на извесен портал кај што пишувало дека синот на Јанева работи во 1ТВ. Неколку дена подоцна кога отишла во 1 ТВ, Боки 13 ја запознал со едно момче кое работело на компјутер, односно тоа бил синот на Јанева.
Јовановски и рекол на Камчева дека тоа што му се случило на нејзиниот сопруг било резултат бидејќи ги одбил нивните понуди.
Исто така, истакнала дека Боки 13 бил близок со Јанева, која по телефон му давала совети и напатствија.
Камчева додава дека на една од средбите со Бојан Јовановски, тој и побарал 500.000 евра.