Мицкоски: Нема никаков одговор од Заев и официјалните власти на изјавата на Захариева

По повод последната изјава на министерката за надворешни работи на Буарија, Захариева, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски напиша дека власта молчи и се’ уште нема никаков одговор по повод нејзината изјава.

Поминаа десетина часа од последната изјава на Захариева. Никаков одговор од официјалните власти од Македонија, дел од медиумите дури пренесоа дека за да одиме напред треба да ја признаеме “историската вистина”. А историската вистина според источниот сосед била дека имаме бугарски корени, напиша Мицкоски на фејсбук.

„Не е тоа вистина, туку политика. Проблемот е Заев кој не прави ништо да ја застапи нашата вистина, а таа непоколебливо говори дека Делчев е Македонец, македонскиот индентитет е наша посебност врз која имаме исконско право и европска иднина која ни ја должат.

Дали би прифатиле нешто поинаку? Сега кажувам и нека остане за во иднина запишано… НИКОГАШ!“ пишува Мицкоски.

Поминаа десетина часа од последната изјава на Захариева. Никаков одговор од официјалните власти од Македонија, дел од…

Posted by Hristijan Mickoski on Saturday, October 31, 2020

Захариева исплашена од постоење на македонско малцинство во Бугарија, се закани со вето за преговорите