Просечната Балканска жена е измачена, обликувана од советите на мама и баба со кои тие го крепеле семејството.

Балканската жена подобро ќе ги издржи насилните удари на мажот кој се прогласува себе си за глава и поглавар, отколку храбро да си замине.

Балканскатњ просечна жена научена е да го прифати изговорот ЗАРАДИ ДЕЦАТА, отколку храбро да го крене гласот и да биде независна и своја.

Просечната балканска жена заборава што е тоа време за себе, одмор и малку среќа во сеното задолженија. На неа и е дозволено да биде видливо невидлива меѓу слоевите ткаенина што го покриваат истоштеното тело.

Балканската просечна жена е научена да чека капка љубов милост и ситна пара отколлу да изгради самостојно богатство за подобро утро.

Просечната Балканска жена ги осудува жените трагачи по својата среќа. Просечната Балканска жена според критериумите на еден машки кретен е виновна за се што ќе направи, за се што нема да направи, за се што ќе изговори и за се што ќе премолчи.

Заробена во невидлив кафез Балканската просечна жена растена од авторитетната палка на таткото, предадена на милост и немилост на кретенот кој имаш заљубен лик и трошка внимание.

За голема среќа на женскиот род просечната Балканска жена полека евлоуира во светска хероина која ги гради идните успеси врз минатите порази.

Ќе поминат години и векови додека кревкото срце на напатената Балканска жена не се претвори во гејзер од умерени искуства.

Пулсот на мастилото