Почина славниот актер Шон Конери

Актерот Сер Шон Конери почина на 91-годишна возраст, пренесува Би-Би-Си.

Како што изјавило семејството, тој починал мирно и во сон.

Славниот шкотски актер е познат на пошироката јавност по глумењето на Џејмс Бонд, а тој глумеше во седум филмови од овој шпионски филмски серијал.

Во својата актерска кариера која траеше со децении, тој освои многу награди, вклучувајќи Оскар, две Бафта и три Златни глобуси.