Мицкоски бара бесплатни тестови еднаш месечно за сите негувателки и наставници во градинките и училиштата

Образованието е еден од нашите приоритети кој е значаен не само за поединецот, туку и за унапредување на целото општество. Грижата за сите чинители во овој процес е наша обврска, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој во својот фејсбук статус побара бесплатни тестови за сите негувателки во градинките

“За жал, власта не се потруди да го организира и прилагоди соодветно воспитниот и образовниот систем за тој да функционира во услови на #Covid.

Се почесто добиваме вест дека цела група во градинка или цело одделение мора да оди во изолација поради позитивен тест на Covid-19.

Од таа причина, предлагам бесплатни тестови еднаш месечно за сите негувателки, учителки, наставнички во градинките и училиштата.
Безбедни градинки и училишта за безбедно образование, каде без застој, во континуитет ќе се одвива воспитниот и образовниот процес на децата”, напиша Мицкоски.