Денеска завршува месецот на штедење: Колку пари македонските граѓани чуваат во банките !?

Месец октомври е месец на штедење кој што завршува токму денес. Целта на одбележувањето на овој месец е да не потсети  дека штедењето е корисна и добра навика која што ќе ни обезбеди поголема финансиска сигурност.

Меѓутоа тоа не значи дека за нашите финансии треба да размислуваме само во месец октомври. Токму пандемијата со коронавирусот уште една не потсети дека треба да размислуваме и за тешките времиња кои се непредвидливи.

Дека македонските граѓани имаат навика за штедење покажуваат податоците за депозитите во банките. На крајот на јуни во 14 деловни банки во Македонија граѓаните чувале 4,607 милијарди евра.

Најмногу пари на македонските граѓани чува „Комерцијална банка“, најголем раст на депозитите има НЛБ Банка (во апсолутен износ), а најголем процентуален раст на депозитите на граѓаните има Стопанска банка Скопје.