Дневен хороскоп за сабота за 31 октомври 2020

ОВЕН

Фокусирани сте на изработка на нов план. Имате генерална визија, а сега внимавате и на деталите. Не сте задоволни од бракот. Имате впечаток дека дошло до оддалечување и тоа мирно го прифаќате. Проблеми со дишните органи.

БИК

Се чувствувате полни со самодоверба поради работен успех. Сега размислувате во насока на развој на соработка со странски соработници. Емотивно сте незадоволни. Саканата личност не покажува доволно интерес за однос. Стабилно.

БЛИЗНАЦИ

Работата стагнира. Пробувате да дознаете каде е проблемот, поради имате впечаток дека секој потег добро сте го смислиле. Ве очекува ново познанство. Другата страна смета дека сте интересен соговорник. Мрзеливо се чувствувате.

РАК

Ве интеренсира влегување во орташтво. Веќе сте смислиле кој ви одговара и сега размислувате на кој начин и другата страна да ја заинтересирате за соработка. Срамежливи сте. Симпатијата дури и не знае какви чувства имате. Стабилно здравје.

ЛАВ

Презадоволни сте како напредува вашата кариера, и тоа што е исклучиво резултат на вашата работа. Сакате конечно да се посветите на партнерот, но тој не сака да ве види.Здравје  солидно, само ви е потребен одмор.

ДЕВИЦА

Проблеми во комуникацијата со колегите и натаму се присутни. Ниту вие сте подготвени за компромис, ниту другата страна. Имате нагласени емотивни потреби и времето го минувате со партнерот. Проблеми со очите.

ВАГА

Прилично сте иновативни и неконвенционални. Измислувате оригинален проект. Имате потреба за партнер, но конкретно никој не ве привлекува. Стабилно здравје.

ШКОРПИЈА

Прилично сте неприлагодени. Не ви годат промени на работа и пробувате да ги правите по старите методи. Запознавате нова личност по препорака, но не ви остава впечаток. Другата страна слично ве доживува. Уморни сте.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Уживате во плодовите на својата работа. Сметате дека доста вложувате во работа, но и резултатите се видливи и репрезнтативни. Немате енергија ниту за нова познанства, ниту за стари дружби. Задоволни сте од здравјето.

 

ЈАРЕЦ

Детално го разработувате новиот проект. Сакате се да оди како подмачкано, и проектот да биде успешен. Ви годи вниманието од саканата личност. На спонтан и отворен начин ви ги покажува своите емоции. Здравје, стабилно.

ВОДОЛИЈА

Ви сметаат вообичаените работни обврски. Потребен ви е нов предизвик. Брачниот партнер е чувствителен и може бурно да регира ако се почувствува погоден. Напнати сте.

РИБИ

Под стрес сте поради бројните обврски. Гледате подобро да се организирате, и некои обврски да ги оставите за идната недела. Брачниот партнер е нерасположен, но не сака да каже поради што. Уморни сте и неопходен ви е одмор.

Извор: TB 21