Пендаровски: Сочувство до турскиот народ за страшната трагедија која ја предизвика земјотресот

Денеска силен земјотрес со јачина од 7 степени ја погоди дел од Турција во близината на Измир. Најмалку 12 лица загинаа, а над 400 се повредени. Бројките не се конечни бидејќи се’ уште се трага низ урнатините.
По повод оваа трагедија, претседателот на Република Македонија преку Фејсбук изрази сочувство со Турција.
„Сочувство до турскиот народ за страшната трагедија која ја предизвика земјотресот во близина на Измир.Неколку човечки животи згаснаа, над двесте лица се повредени, а материјалната штета е огромна.
Сочувство и до нашите грчки соседи за загубите во силниот земјотрес кој денеска покрај Турција, ја погоди и Грција, предизвикувајќи загуби на човечки животи, повредени лица и значителна материјална штета. Во нашите мисли се сите кои изгубија членови на своите семејства и свои блиски луѓе“, напиша претседателот Пендаровски.