Поранешниот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев заразен со КОВИД-19

Поранешниот технички министер во Министерството за внатрешни работи објави на Фрјсбук дека е позитивен на КОВИД-19.

“Во текот на изминатите денови направив тест за кој денес добив позитивен резултат за Ковид 19. За жал и покрај сериозната претпазливост не успеав до крај да се одбранам од вирусот кој многу често знае да биде непредвидлив и чуден.

Во овој момент се чувствувам добро, немам посериозни здравствени проблеми и се лекувам во домашни услови.
Апелирам до сите вас да водите грижа за своето здравје и да се придржувате до препораките за заштита на здравјето.

Уверен сум дека и овој предизвик ќе го победиме со внимание, грижа и позитивна мисла. Чувајте се и бидете во добро здравје!” – Напиша Чулев.

Почитувани,Во текот на изминатите денови направив тест за кој денес добив позитивен резултат за Ковид 19. За жал и…

Posted by Наќе Чулев on Friday, October 30, 2020