Пристигнаа 60 респиратори, донација од НАТО

Донацијата од НАТО – 60 транспортни респиратори во вредност од 1.4 милиони евра што ја најави генералниот секретар Столтенберг, пристигна од Италија, транспортирана со помош на Кралството Луксембург.

Донација е од НАТО Доверителниот фонд за одговор на пандемија.

Респираторите се користат во амбулантни возила за транспорт на пациенти од една во друга болничка установа.

“Ова е уште потврда на солидарноста и вредноста на сојузите во кои сега сме рамноправна членка. Благодарност до НАТО сојузот, особено до САД за нивната силна поддршка и помош за нашиот здравствен систем”, истакна министерот за здравство, Венко Филипче.