Боки 13 оди во домашен притвор

Апелациониот суд Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави решение со кое жалбата на обвинетиот Бојан Јовановски, осуден со првостепена пресуда по предметот КОК бр. 116/19 во јавноста познат како „Рекет“, изјавена преку неговиот бранител, се уважува.

Решението на првостепениот суд се преиначува на начин што се укинува мерката притвор према обвинетиот Б.Ј. и се определува мерка куќен притвор.

Јовановски беше хоспитализиран во болницата Св. Наум Охридски, поради хируршка интервенција на желудникот. Тој беше осуден на 9 години затвор за случајот Рекет, заедно со Катица Јанева.