(ВИДЕО) Силен земјотрес ја погоди Турција: Срушени згради и поплавени улици, се бараат исчезнати

Денеска силен земјотрес со јачина од 7 степени ги погоди грчките острови и дел од Турција.

Најпогоден град е Измир каде што има урнати и поплавени улици, а во тек е и потрага по исчезнатите.

Според Министерот за внатрешни работи досега е пријавено рушење на шест големи згради во Измир.

Си-Ен-Ен Турк пренесува дека земјотресот се почувствувал се до Истанбул, а грчките медиуми велат дека овој потрес се почувствувал скоро во цела Грција.