Две чаши вино пред спиење ќе ви помогнат да ослабнете

Јасно е дека најдобрата формула за слабеење, како и за добро здравје е комбинација на здрава исхрана и напорно вежбање. Но, ова е далеку од пријатен метод, или барем не за секого. Прашањето е дали постои решение што тиовозможува да губиш тежина и  да ти причиниува задоволство задоволство истовремено?

За среќа, ова решение постои, а формулата е прилично едноставна: две чаши вино и добро расположение пред спиење ќе ви помогнат да изгубите тежина.

Веројатно веќе сте чуле дека виното, во умерени количини, позитивно влијае на здравјето. Покрај здравјето, влијае и на вашата тежина. Студија од Универзитетот во Вашингтон тврди дека пијалокот содржи хемикалија наречена ресвератрол, која помага во трансформација на маснотиите додека спиете. Исто така, оваа супстанца му помага на телото и да ја преработи храната.

Според експертите, ресвератролот помага во борбата против дебелината, без оглед на вашата возраст. Се произведува природно во неколку видови на растенија: јаболко, грозје и други овошја.

Пиење вино и слабеење: најдобрите вести што можете да ги слушнете за губење на несаканата килажа.