Во Хрватска за еден ден регистрирани 2.772 нови случаи со коронавирусот, 20 лица починале

Во последните 24 часа, во Хрватска се регистрирани 2.772 нови случаи со коронавирусот, 20 лица починале, а бројот на хоспитализирани надминал 1000, објави Националниот штаб за цивилна заштита.

Бројот на новоинфицирани е поголем од 2700 веќе втор ден по ред, во четвртокот се евидентирани 2776 нови случаи.

Бројот на активни случаи во Хрватска во моментов е 15.106, а меѓу нив 1.027 пациенти се наоѓаат во болница, што е најголем број хоспитализирани од почетокот на пандемијата. 74 пациенти има на респираторот.

Од 25 февруари, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, 46.547 лица биле заразени со коронавирусот, од кои 531 починале. Вкупно се опоравија 30.910 лица, од кои 1.677 во последните 24 часа.

Во моментов има 29.098 лица во самоизолација.

До денес се тестирани вкупно 485.281 лице, од кои 9.287 во последните 24 часа.