Од центарот за комуникации на СДСМ изјавуваат дека Христијан Мицкоски признал дека ВМРО-ДПМНЕ има незаконски долг од 400.000 евра за кампањата на Сиљановска.
Тие велат дека прекршен е членот 71 од Изборниот законик, кој јасно одредува дека сите трошоци за кампањата исклучиво ќе се покријат од средствата на таа сметка. Сметката е затворена, а незаконскиот долг од 400.000 евра не може да се врати од друга сметка.
Од таму прашуваат зошто тие фирми молчеле за овој долг и дека тоа е нова димензија на оваа афера. ВМРО-ДПМНЕ продолжува со старите криминални навики, сметки за изборни кампањи полни со долгови, исто како во времето на Груевски и дупката од 3.5 милиони евра.