Народна банка на Македонија објави дека бруто надворешниот долг на земјата за три месеци, односно во вториот квартал од 2019, е зголемен за 117 милиони евра, но поради зголемениот приватен долг, во услови кога јавниот бележи намалување. Станува збор за вкупен долг од 8,334 милиони евра, или 73,7 отсто од националниот Бруто домашен производ.
– Бруто надворешните побарувања изнесуваат 5.652 милиони милиона евра, или 50% од БДП. На квартална основа, без трансакциите за управување со девизните резерви, тие се повисоки за 98 милиони евра, во услови на зголемување на приватните и јавните побарувања, соопшти централната банка.
Нето надворешниот долг изнесува 2.672 милиони евра, или 23,7% од БДП и е зголемен за 21 милион евра, или за 0,8%. И натаму долгот на приватниот сектор има доминантно учество во вкупниот нето-долг, со 58%.
– Негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) изнесува 6.264 милиони евра, што претставува 55,5% од БДП. Зголемувањето за 39 милиони евра во споредба со претходниот квартал се објаснува со зголемените нето-обврски по должнички и сопственички инструменти, додаваат од таму.