Европските компании ќе се спасуваат со нови банкарски заеми

Спорет податоците на Европската централна банка компаниите од еврозоната земаат нови банкарски заеми како подготовка за вториот бран на коронавирусот, зголемувајќи го стравот од нови економски ограничувања и рецесија, пишува „Reuters“.

Бидејќи голем дел од економијата во еврозоната беше затворена поради пандемијата, компаниите побрзаа да ги искористат линиите за вонредни кредити во оваа година, поддржани од владините гаранции и финансирање на централната банка со стапки до минус 1%.

Кредитирањето на нефинансиските корпорации во 19-те земји од еврозоната се зголеми за 7,1% во септември, приближувајќи се на највисокото ниво во последните 10 години од 7,3% достигнато во мај.

Но, истражувањата исто така покажуваат дека банките стануваат сè позагрижени за растечкиот кредитен ризик, со оглед на пандемијата, што ги забавува очекувањата за релативно брзо закрепнување.

Во меѓувреме, растот на кредитирањето на домаќинствата се искачи на 3,1% од 3% еден месец претходно.

Податоците исто така покажуваат дека годишниот раст на понудата на пари (М3) во еврозоната се зголеми од 9,5% на 10,4% во септември, главно како резултат на промените во државните заеми и депозити.