Марк Цукерберг стравува од немири во САД по претседателските избори

Основачот на Фејсбук Марк Цукерберг изрази загриженост за можно насилство по изборите во САД на 3 ноември, пренесе АФП.

„Загрижен сум што постои опасност од граѓански немири низ целата земја во време кога нашата нација е толку поделена и може да бидат потребни неколку недели за да бидат објавени конечните резултати. Тој ова го рече на конференција со аналитичари посветена на објавување на финансиските резултати на компанијата за кварталот.

Тој додаде дека компании како неговите ќе имаат важна улога во одржувањето на довербата во изборниот процес и не дозволуваат нивните платформи да служат како повици за улично насилство.

Меѓу мерките предвидени од Фејсбук во оваа насока е и забраната за рекламирање политичка содржина во САД по завршувањето на денот на изборите.