За прв пат во историјата продажбата на електрични автомобили е поголема од дизел моделите

Според податоците за септември, објавени од страна на JATO Dynamics во Европа за прв пат во историјата продажбата на електрични автомобили е поголема од дизел моделите.

Според нив, побарувачката за автомобили со бензински и дизел мотори минатиот месец има драстичен пад во споредба со истиот период во 2019 година. Ова особено се однесува за дизелите, чија продажба е под 25%. Процентот на бензинците е 47% (59% пред една година). Спротивно на тоа, електрифицираните модели сега се над 25%, што е двојно повеќе отколку во септември 2019 година.

Бројот на продадени нови хибриди и електрични автомобили во септември бил 327.800 од вкупно продадени 1,3 милиони автомобили на пазарот (+ 1%) за истиот период минатата година. Генерално, сепак, за првите 9 месеци од 2020 година, падот на продажбата во Европа е сè уште сериозен – 29%.

Прочитај повеќе ТУКА.