Писменото барање за покренување на иницијатива за одржување референдум за стопирање на постапката за изградба на депонија за инертен отпад беше доставено од страна на здружението на граѓани „Ековита“.

Во период од 10-ти до 18-ти декември, секој работен ден од 08.30 – 15.30, во подрачната единица на ДИК, во Неготино, ќе се збираат потписи против изградба на депонија за инертен индустриски отпад на нивното подрачје.

Потребно е да се соберат 100 потписи, односно потребно е да се потпишат 20 проценти од граѓаните, а списокот со потписи, според закон, ќе биде доставен кај претседателот на Советот на општината, Диме Витанов. Доколку се соберат потребните потписи, ќе биде распишан референдум на локално ниво, каде неготинчани ќе се изјаснат околу прашањето со депонијата.

Претседателот на здружението „Ековита“ Сашко Тодоров прв се потпиша на иницијативата. Тодоров, кој е билошки инженер по професија, повтори дека луѓето стравуваат дека депонијата негативно ќе влијае врз здравјето и околината, како и врз единственото заштитено подрачје во општината, Орлово Брдо.