Германија со рекордно зголемување на заразените со Covid-19

Германија регистрирала рекордни 18.681 случаи на коронавирус на ден, соопшти Институтот за инфективни болести Роберт Кох, цитиран од Ројтерс.

Така, вкупниот број на потврдени инфекции од почетокот на пандемијата во земјата станува 481 013.

Загинаа 10.272 лица, вклучително и 34 во изминатите 24 часа. Германија бележи рекордни 18.681 случаи на коронавирус на ден

Делумен карантин за четири недели ќе стапи на сила во Германија од понеделник. Рестораните, спортските и културните места ќе бидат затворени. Објектите за храна ќе можат да вршат достава до дома.