САД за прв пат регистрираа повеќе од 90.000 случаи на коронавирус за 24 часа

САД вчера поставија нов дневен рекорд за заразени со коронавирус, преминувајќи го прагот од 90.000 инфекции за прв пат, објави АФП.

Според универзитетот Џонс Хопкинс, од 21:30 часот во средата до 20,20 часот вчера биле регистрирани 91.290 нови случаи во земјата.

Вкупниот број на инфекции од почетокот на пандемијата е 8,94 милиони, објави БТА.